Меѓународна соработка

Академската и научна соработката со домашни и со странски високообразовни институции е стратешка определба на Универзитетот Скопје. Нашата посветеност на одличноста, квалитетот и лидерството во сферата на високото образование ни наложува активностите за меѓународна соработка да ги базираме на следните принципи:

  • Соработката со нашите партнери да се темели врз остварување заеднички академски, образовни и научни цели.
  • Секоја соработка да биде во полза на обезбедување подобри образовни можности за нашите студенти и за студентите од партнерските универзитети.
  • Секоја соработка да биде насочена кон обезбедување можности за размена на искуства и знаења меѓу академскиот кадар со партнерските универзитети.
  • Соработката да ги унапредува организациските капацитети на партнерските универзитети за идентификување и надминување на предизвиците со кои се соочуваат општествата во процесите на глобалните промени.
  • Соработката да обезбеди можности за истражувања и иновативност што ќе ги унапреди општествата во кои живееме.
  • Односите помеѓу високообразовните институции треба да бидат кооперативни и синергиски.

При воспоставувањето на соработката, Универзитетот Скопје вложува напори за промоција на меѓународното и меѓукултурното разбирање. Ова се принципите врз кои воспоставуваме билатерални односи и со други институции.

Согласно со принципите врз кои ја базираме секоја наша соработка, партнерствата што ги воспоставуваме со високобразовните институции од странство се насочени кон остварување на следните цели:

  • размена на студенти, наставници и предавачи;
  • академска соработката и размената на академски кадар;
  • развој на наставни програми;
  • развој и спроведување научно-истражувачки проекти;
  • размена на информации и искуства;
  • размена на визитинг-професори со предавања на актуелни прашања релевантни за студиските програми на универзитетот;
  • планирање, организирање и спроведување меѓународни работилници, семинари и конференции;
  • размена на публикации и книги;
  • вклучување локални и регионални компании во образовниот процес;
  • организирање студии со двојна диплома.

Дел од меѓународната соработка, Универзитетот Скопје ја остварува и преку проекти на програмата Еразмус +, која промовира мобилност и размена на студентите и на академскиот кадар, развој и спроведување заеднички истражувачки проекти, јакнење на капацитетите на институциите за спроведување на неопходните реформи, развој на наставни програми и сл.

Досега имаме воспоставено успешна соработка со следните високообразовни и научни институции од странство:

Раководител:
Проф. д-р Зоран Ивановски

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).