Академската и научна соработката со домашни и со странски високообразовни институции е стратешка определба на Универзитетот Скопје. Нашата посветеност на одличноста, квалитетот и лидерството во сферата на високото образование ни наложува активностите за меѓународна соработка да ги базираме на следните принципи:
- Соработката со нашите партнери да се темели врз остварување заеднички академски, образовни и научни цели.
- Секоја соработка да биде во полза на обезбедување подобри образовни можности за нашите студенти и за студентите од партнерските универзитети.
- Секоја соработка да биде насочена кон обезбедување можности за размена на искуства и знаења меѓу академскиот кадар со партнерските универзитети.
- Соработката да ги унапредува организациските капацитети на партнерските универзитети за идентификување и надминување на предизвиците со кои се соочуваат општествата во процесите на глобалните промени.
- Соработката да обезбеди можности за истражувања и иновативност што ќе ги унапреди општествата во кои живееме.
- Односите помеѓу високообразовните институции треба да бидат кооперативни и синергиски.
При воспоставувањето на соработката, Универзитетот Скопје вложува напори за промоција на меѓународното и меѓукултурното разбирање. Ова се принципите врз кои воспоставуваме билатерални односи и со други институции.
Согласно со принципите врз кои ја базираме секоја наша соработка, партнерствата што ги воспоставуваме со високобразовните институции од странство се насочени кон остварување на следните цели:
- размена на студенти, наставници и предавачи;
- академска соработката и размената на академски кадар;
- развој на наставни програми;
- развој и спроведување научно-истражувачки проекти;
- размена на информации и искуства;
- размена на визитинг-професори со предавања на актуелни прашања релевантни за студиските програми на универзитетот;
- планирање, организирање и спроведување меѓународни работилници, семинари и конференции;
- размена на публикации и книги;
- вклучување локални и регионални компании во образовниот процес;
- организирање студии со двојна диплома.
Дел од меѓународната соработка, Универзитетот Скопје ја остварува и преку проекти на програмата Еразмус +, која промовира мобилност и размена на студентите и на академскиот кадар, развој и спроведување заеднички истражувачки проекти, јакнење на капацитетите на институциите за спроведување на неопходните реформи, развој на наставни програми и сл.
Досега имаме воспоставено успешна соработка со следните високообразовни и научни институции од странство:
- Sveučilište u Rijeci, Hrvatska (https://uniri.hr/)
- Fakultet za menadžment u turizmu i ugostiteljstvu, Sveučilište u Rijeci, Hrvatska (https://fthm.uniri.hr/)
- Аграрен университет, Пловдив, България (https://www.au-plovdiv.bg/)
- Fakultet za turistički i hotelijerski menadžment, Univerzitet Singidunum, Srbija (https://fthm.singidunum.ac.rs/)
- Економски факултет у Суботици, Универзитет у Новом Саду, Србија (http://www.ef.uns.ac.rs)
- Висше училище по телекомуникации и пощи, София, България (https://www.utp.bg/)
- Fakultet za primenjenu ekologiju – Futura, Univerzitet Metropolitan u Beogradu, Srbija (https://futura.edu.rs/)
- World Academy of Arts and Science (https://new.worldacademy.org/)
- International Universities Council (http://www.iuc-edu.com.tr/mission.html)
Раководител:
Проф. д-р Зоран Ивановски