Конкурс

Во согласност со член 149 од Законот за високото образование („Службен весник на РМ“ број 82/2018), Универзитет Скопје - Скопје, со седиште на булевар „Партизански одреди“ број 99, 1 000 Скопје, објавува

К О Н К У Р С

за запишување студенти на прв циклус универзитетски додипломски студии и втор циклус универзитетски (магистерски) студии на Универзитет Скопје - Скопје , во академската 2023/2024 година на македонски јазик

 

 1.      Факултет за туризам (4+1)

диплома прв циклус: дипломиран менаџер во туризмот (10 студенти)

диплома втор циклус: магистер по туризам (5 студенти)

 2.      Економски факултет (4+1)

Студиска програма Финансии, банкарство и осигурување:

диплома прв циклус: дипломиран економист, насока: Финансии, банкарство и осигурување (50 студенти)

Студиска програма Финансии

диплома втор циклус: магистер по економија, насока: Финансии (50 студенти)

Студиска програма Менаџмент на човечки ресурси

диплома прв циклус: дипломиран економист, насока: Менаџмент на човечки ресурси (25 студенти)

диплома втор циклус: магистер по економија, насока: Менаџмент на човечки ресурси (5 студенти)

Студиска програма Меѓународен маркетинг менаџмент

диплома прв циклус: дипломиран економист, насока: Меѓународен маркетинг менаџмент (20 студенти)

диплома втор циклус: магистер по економија, насока: Меѓународен маркетинг менаџмент (5 студенти)

 3.      Факултет за информатика

диплома прв циклус (тригодишни, 180 ЕКТС): софтверски инженер (10 студенти)

диплома прв циклус (четиригодишни, 240 ЕКТС): дипломиран инженер по информатика – Софтверско инженерство (10 студенти)

диплома втор циклус (едногодишни, 60 ЕКТС): специјалист по Софтверско инженерство (10 студенти)

диплома втор циклус (едногодишни, 4+1 и двегодишни, 3+2,): магистер по Софтверско инженерство (30 студенти)

Студиите од прв и втор циклус се од научно-истражувачките подрачја и полиња:

1 природно-математички науки, поле 110 информатика, 2 техничко-технолошки науки, поле 212 компјутерска техника и информатика, 5 општествени науки, поле 503 економски науки, 506 организациони науки и управување (менаџмент) и 514 туризам и угостителство од Класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната Фраскатиева класификација.

I. Број на студенти

На Универзитет Скопје - Скопје, во прва година на прв циклус академски додипломски студии, за горенаведените студиски програми, во академската 2023/2024година ќе се запишат вкупно 125 студенти, а на втор циклус студии 105 студенти.

 

II. Услови и критериуми за запишување

а) На прв циклус академски додипломски студии

II.а.1. Услов за запишување на прв циклус академски додипломски студии е положена државна матура или меѓународна матура односно завршено четиригодишно средно образование според прописите кои важеле пред воведувањето на државната матура. Во академската 2023/2024година на прв циклус академски студии, може да се запише лице кое се стекнало со диплома за завршено средно образование во траење од четири години во учебната 2019/2020 година, согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот за средното образование за време на вонредна состојба. Услов за запишување на прв циклус академски додипломски студии е завршено четиригодишно средно образование, во средни училишта верифицирани со акт на Министерството за образование и наука на РСМ.

Право на запишување на прв циклус академски додипломски студии имаат и домашни државјани кои средно образование завршиле во странство, како и странски државјани, под истите услови како и домашните државјани.

II.а.2. На прв циклус академски додипломски студии на Универзитетот можат да се запишат и кандидати што имаат завршено високо или вишо образование на сродни факултети и виши школи. Овие кандидати се запишуваат надвор од квотата, најмногу до 20% од вкупниот број редовни студенти на Универзитетот утврден во овој Конкурс.

II.а.3. Кандидатите се запишуваат како редовни, вонредни или како студенти на далечинско студирање, со самофинансирање на студиите, во износ утврден со одлука на Ректорската управа на Универзитетот.

II.а.4. Кандидатите се запишуваат без полагање приемен испит.

II.а.5. Основен критериум за селекција и рангирање на кандидатите за запишување на прв циклус академски додипломски студии покрај успехот постигнат во средното образование е и државната матура, односно меѓународната матура или завршено четиригодишно средно образование според прописите кои важеле пред воведувањето на државната матура, а за лицата кои завршиле средно образование во учебната 2006/2007 година и порано е успехот постигнат во средното образование. Основен критериум за селекција и рангирање на кандидатите за запишување на прв циклус академски додипломски студии за лицата кои ќе матурираат во учебната 2019/2020 година е успехот постигнат во средното образование. Вреднувањето на успехот на кандидатите се изразува во поени. Кандидатите може да освојат најмногу 100 поени, и тоа:

За лицата кои ќе завршат четиригодишно средно образование во учебната 2019/2020 година, како и кандидатите кои имаат завршено четиригодишно средно образование според прописите кои важеле пред воведувањето на државната матура и за лицата кои завршиле средно образование во учебната 2006/2007 година и порано, општиот успех постигнат по сите предмети учествува со 100%.

За останатите кандидати, кои задолжително полагаат матура, вреднувањето на успехот се врши на следниот начин:

  • Општиот успех постигнат по сите предмети учествува со 60%,
  • Успехот од државната матура, односно училишната матура или завршниот испит и резултатот од екстерното проверување на постигањето на успехот на ученикот учествува со 40%.

II.а.6. Вреднувањето на успехот од средното образование и матурата се врши според утврдени критериуми во Правилникот за условите и критериумите за запишување на прв циклус универзитетски додипломски студии на Универзитетот за туризами менаџмент во Скопје.

б) На втор циклус академски магистерски студии

II.б.1. Право на конкурирање за запишување на вториот циклус (магистерски) студии имаат кандидати (домашни и странски државјани) што ги исполнуваат следните општи услови:

  • Да имаат завршено прв циклус универзитетски студии, во траење од четири години на акредитирани универзитети, односно факултети во државата или во странство и освоени 240 ЕКТС;
  • Да имаат завршено прв циклус универзитетски студии, во траење од четири години на соодветни или сродни додипломски студии, на акредитирани универзитети, односно факултети во државата или во странство и освоени 240 ЕКТС.

II.б.2. Кандидатите се запишуваат како редовни, вонредни или како студенти на учење на далечина со самофинансирање на студиитево износ определен со одлука на Ректорската управа на Универзитетот.

III. Рокови за пријавување и запишување

а) Прв циклус академски додипломски студии

            Првиот уписен рок трае од 02.05.2023 година до 08.09.2023 година. Листата на запишаните студенти ќе биде објавена на 12.09.2023 година.

Вториот уписен рок трае од 13.09.2023 година до 29.09.2023 година. Листата на запишаните студенти ќе биде објавена на 02.10.2023 година.

            б) Втор циклус академски магистерски студии

Пријавувањето на кандидатите ќе се врши од објавувањето на конкурсот до         10.11.2023 година. Објавувањето на резултатите за примени кандидати на 13.11.2023 годДоколку бројот на студенти пропишани во овој Конкурс не се пополни во горе утврдениот рок, Универзитетот ќе објави дополнителни уписни рокови, за што заинтересираните кандидати навреме ќе бидат информирани.

IV. Место на изведување на студиската програма

            Студиските програми од прв и втор циклус студии ќе се изведуваат во седиштето на Универзитетот на бул.„Партизански одреди“ бр. 99, Скопје.

           

V. Школарина

а) Прв циклус додипломски академски студии

Висината на школарината за првиот циклус студии изнесува 61.500 денари по семестар.

б) Втор циклус академски магистерски студии

Висината на школарината за вториот циклус студии изнесува 46.125 денари по семестар.

Универзитетот го задржува правото на доделување стипендии за упис на сите студиски програми во согласност со општите акти на Универзитетот.

VI. Документи за пријавување и запишување

При пријавувањето за запишување кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

а) за запишување на прв циклус (додипломски) студии:

1. пријавен лист за запишување (го добиваат на Универзитетот);

2. оригинални свидетелства од сите учебни години (I,II,III,IV година);

3. државна матура или меѓународна матура или завршено четиригодишно средно образование за лицата кои матурирале во учебната 2019/2020 година како и оние кои матурирале според прописите кои важеле пред воведувањето на државната матура;

4. извод од матичната книга на родените (за домашни државјани) и

5. доказ за државјанство (уверение или решение) за домашни државјани, односно нотарски заверена копија од пасош за странски државјани.

б) за запишување на втор циклус (магистерски) студии:

1. пријавен лист за запишување (го добиваат на Универзитетот);

2. диплома, додаток на диплома или уверение за положени испити, како и документ за познавање на еден од светските јазици;

3. извод од матичната книга на родените (за домашни државјани) и

4. доказ за државјанство (уверение или решение) за домашни државјани, односно нотарски заверена копија од пасош за странски државјани.

Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти, освен горенаведените документи, поднесуваат и договор за вработување или лекарско уверение.

            Домашните или странските државјани кои образование завршиле во странство треба да извршат нострификација на документите за стекнато средно, односно високо образование во Министерството за образование и наука на РСМ или да достават доказ дека поднеле документи за нострификација.

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:

1. две фотографии (3х4 см);

2. доказ за уплатени средства за студирање.

Пријавувањето може да се изврши и по електронски пат.

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Универзитет Скопје - Скопје , со седиште на булевар „Партизански одреди“ број 99, 1.000 Скопје, односно во објектите на дисперзираните канцеларии на Универзитетот.

Подетални информации заинтересираните кандидати можат да добијат на www.utms.edu.mk, или contact@utms.edu.mk или на тел. 02 30 93 209, 02 30 93 212 и 02 30 93 215.        

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).