Покрај теоретското знаење кое студентите го добиваат во текот на академската година на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, за време на летниот период извршуваат задолжителна практична работа каде добиваат можност професионално да се надградуваат себе си.
Практичната работа студентите од Факултетот за односи со јавноста ја извршуваат во институции во кои активно се практикуваат односите со јавноста, почнувајќи од Агенциите за односи со јавноста, па се до речиси сите релевантни институции, во кои има одделенија, или, пак, сектори за односи со јавноста.
Дел од студентите од Факултетот за односи со јавноста, оваа година реализираат практична настава во повеќе институции, а една од нив е реномираната ПР Агенција „Република“, каде имаат можност практично да видат и да научат како се креира ПР стратегија, како се организира и следи протоколот на настан, а воедно, како и на кој начин се одвива комуникација со медиумите.
https://utms.edu.mk/vesti/praksa/306-studentite-od-foj-na-praksa-vo-pr-agencijata-republika#sigProId2ce79493d0