
Почитувани,
Добредојдовте на специјалната страница на Универзитет Скопје, посветена на 20 годишнината од нашето постоење.
Со гордост можам да кажам дека од 2006-та година до денес, бележиме континуиран развој и успеси, добитници сме на голем број домашни и меѓународни награди и признанија.
Потврда за нашите најсовремени услови за студирање и квалитетот на наставата на нашиот универзитет е и TedQual сертификатот од Светската туристичка организација при Обединетите Нации.
Но, најгорд сум од фактот што, Универзитет Скопје, за овие две децении произведе иладници високообразовани кадри, кои се на високи позиции во државни институции и приватни компании, како и успешни бизнисмени.
За сите случувања на Универзитет Скопје во овие 20 години, искуствата на студентите и нивните успешни приказни, наградите, признанијата, настаните на нашиот универзитет, еминентните гости предавачи, научно-истражувачката работа, меѓународната соработка и учеството на разни манифестации, можат да се напишат илјадници страници.
Затоа, ве поканувам токму на ова место да се запознаете со дел од нашите досегашни две децени „ПОСВЕТЕНИ НА ЗНАЕЊЕТО“
Ректор,
Проф. д-р Аце Миленковски



ЗАПОЗНАЈ СЕ СО ИСТОРИЈАТОТ