Врз основа на договорот за соработка помеѓу Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје и АД „Македонска пошта“, дел од студентите од Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент ја реализираат праксата во оваа институција.
Во АД „Македонска пошта“ во Струмица, во маркетинг сектор својата пракса ја извршува Иванова Дафина, редовен студент од прва година на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент.
Студентите со задоволство и крајно посветено ги реализираат зацртаните активности, кои секојдневно ги регистрираат во студентскиот е-дневник. Менторирањето од страна на вработените во Македонска пошта им овозможува на нашите студенти да ги надоградат своите теоретски знаења со вештини и компетенции од секојдневната практика.
Студентската пракса иако е законска обрска од минатата година, на УТМС се спроведува од неговото оснивање, како во земјата, така и во странство.
https://utms.edu.mk/vesti/praksa/288-studenti-od-fakultetot-za-megjunaroden-marketing-menadjment-na-praksa-vo-ad-makedonska-poshta#sigProId276b6d2acc