Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент продолжува со својата практика своите студенти да ги испраќа на практична работа во најуспешните компании. Секој од студентите кој е запишан на Универзитетот има можност да биде испратен на практична работа во компанија од областа која ја изучува.
Во маркетинг агенцијата „Бато&Дивајн“, својата пракса ја извршуваат Бојаџиевска Елена и Бојаџиевска Марија, постдипломци на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент.
Студентите со задоволство и крајно посветено ги реализираат зацртаните активности, кои секојдневно ги регистрираат во студентскиот е-дневник. Тие целосно беа вклучени во работните групи за подготовка и планирање на проектни активности за кои е ангажирана компанијата, се разбира под менторство на стучни лица од самата маркетинг агенцијата „Бато&Дивајн“.
Менторирањето од страна на вработените во маркетинг агенцијата им овозможува на нашите студенти да ги надоградат своите теоретски знаења со вештини и компетенции од секојдневната практика. Тоа значи дека студентите од Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент имаат можност своите компетенции да ги добијат од најдобрите професионалци во Маркетинг агенцијата „Бато&Дивајн“.
https://utms.edu.mk/vesti/praksa/242-studenti-od-fakultetot-za-megjunaroden-marketing-menadjment-na-praksa-vo-marketing-agencijata-bato-divajn#sigProIda8612e81e4