УТМС ДЕЛ ОД СЕКТОРСКАТА КОМИСИЈА ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО

УТМС ДЕЛ ОД СЕКТОРСКАТА КОМИСИЈА ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО

Во организација на Британскиот Совет, а во соработка со Владата на Република Македонија, односно Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика, денес 12.02.2016 година во хотелот „Холидеј Ин“’, се одржа работилница за создавање на Стратегија за формирање на секторска комисија за туризам и угостителство.

На овој настан на кој присуствуваа преставници од хотелиерството во Република Македонија, повеќе значајни институции поврзани со туризмот меѓу кои и преставници од Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, воведно обраќање имаше г-ѓа Наташа Јаневска од Министерството за образование и наука, која ја потенцираше потребата од формирањето на оваа стратегија.

Присутните на оваа работилница беа поделени во две групи, кои разговараа и дебатираа на одредени теми односно, дефинирање на потребните вештини за Секторот за туризам и угостителство, потоа дефинирање на наставната програма потребна во индустријата, за која говореше м-р Мери Ничкова од Факултетот за туризам при УТМС, како и за тоа кој се треба да биде вклучен во развојот на Секторската комисија.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).