Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, во соработка со националното радио, Радио Слободна Македонија, на 14.02.2016 година ја емитуваше јубилејната педесета емисија од серијалот емисии посветени на убавините и туризмот во РепубликаМакедонија.
Емисијата насловена како "Туристички витраж" се емитува секоја недела со почеток од 13 до 14 часот на брановите на Радио Слободна Македонија. Оваа недела, професорите и асистентите од Универзитетот за туризам и менаџмент, односно Доц. д-р Сашко Граматниковски како водител, заедно со неговите колеги Асс. м-р Мери Ничкова и Асс. м-р Дејан Наковски ја посветија на престојниот празник “Свети Трифун“ односно на темата “Како се празнува Св. Трифун во нашата земја“.
Секоја година на 14 февруари православните христијани го прославуваат свети Трифун. Се верува дека свети Трифун е чувар на лозјата и гостилниците, но и на брачната љубов и верност. На 14 февруари винарите првпат одат на лозјата во новата календарска година и почнуваат да ги сечат лозите, а се верува дека свети Трифун на својот празник забодува факел во земјата и така снегот почнува да се топи. Многумина веруваат дека токму на овој ден започнува пролетта, се будат природата и љубовта меѓу луѓето. Ако на празникот Свети Трифун паѓа дожд, сливата ќе има добар род. Кај народот за овој празник се поврзуваат различни обичаи и приказни. Снегот може сѐ уште да изненади, но тоа се сметало за симбол на бериќетот.
Лозарите и винариите се подготвени за денешниот голем празник Св. Трифун во кого веруваат дека ќе го заштити лозјето од суши и мраз и ќе донесе голем род.Винариите, лозарите, семејствата каде што постои традиција на закројување на лозјето го прават адетот, но и прославуваат преку богата гозба, вино и музика. Овој голем православен празник е надеж за лозарите дека родот ќе биде добар и ќе произлезе добро вино.Освен традиционалното закројување на лозјето, голем број винарии имаат организирани прослави во нивните ресторани, а очекуваат и голем број на домашни и странски туристи. По литургијата со која чиноначалствуваат свештени лица и по закројувањето, вообичаено приустните наздравуваат со чашка вино, вкусувајќи ги локалните специјалитети. Овој ден дава надеж за добра берба. Закројувањето е еден вид на креација кој претставува обред, но во тоа има и содржина.Се офромува идниот род и според процентот на здрави окца на лозјето, лозарите ќе знаат што да очекуваат. Св.Трифун исто така означува дека опасноста од измрзнување поминала, иако подоцна во месец април има можност од слана. Но, постојат механизми како родот да се заштити.