Во организација на Центарот за развој на Вардарски плански регион (ВПР) и Стопанска комора на Македонија денес 16.02.2016 во хотелот „Романтик“ во Велес се одржа работилница насловена како „Иновативен пристап за подобрување и промоција на бизнис секторот од Вардарски плански регион“.
На овој настан присуствуваа преставници од бизнис секторот и образовниот сектор во регионот, како и преставници од Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје.
Свое обраќање имаше г-ѓа Јасмина Поповска, директор на фондот за иновации и технолошки развој која говореше за кофинансирани грантови за ново основани друштва "старт-ап"и "спин оф“.
Претставникот од Стопанска комора на Македонија, пак г-ѓа Јадранка Аризанковска се осврна на начинот на аплицирање до европските фондови, потоа за конкурентноста и иновациите во малите и средните претпријатија, односно фондовите од „ХОРИЗОНТ 2020“, „КОСМЕ“ и „МСП“ инструмент.
На крајот од работилницата беа прикажани капацитетите, потребите и потенцијалите за развој на иновации во Вардарски планси регион од страна на г-ѓа Софија Богоева, претставник од Агенција за информациски инжинеринг, консалтинг и маркетинг Трајковски и Партнери Консалтинг ДООЕЛ Скопје.