Thanabalan P Jaganathan и Д-р Мohammad Sadrollahi прогласени за DOCTOR HONORIS CAUSA и PROFESSOR HONORIS CAUSA
Во амфитеатарот на Универзитетот за туризам и менаџмет од Скопје на 02.03.2016 година се одржа Свечена седница, на која на две истакнати личности им беа доделени почесни награди.
Имено, станува збор за г-дин Thanabalan P Jaganathan, извршен директор и претседател на мултинационалната ЕPG групација со седиште во Куала Лумпур, Малезија, кој се здоби со титулата DOCTOR HONORIS CAUSA. Титулата лично му ја додели Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент, Проф. д-р Аце Миленковски за извонреден придонес во промоцијата на македонскиот образовен систем во глобални светски рамки.
Во краткиот говор г-дин Thanabalan P Jaganathan изрази благодарнот кон Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, Проф. д-р Аце Миленковски, при тоа потенцирајќи дека му е огромна чест и задоволство што добил можност да соработува со Универзитетот, чија соработка како што рече очекува да продолжи и в иднина.
Титулата PROFESSOR HONORIS CAUSA, пак, му беше доделена на Проф. д-р Мohammad Sadrollahi, сопственик и оперативен директор на корпорации во Обединетото Кралство, Емиратите, Иран и Малезија. Титулата ја добива поради неговиот извонреден придонес за промоција на македонскиот образовен систем во глобални светски рамки, како и за неговиот извонрден придонес за претставувањето на новиот дух во студиите за лидерство.
Проф. д-р Мohammad Sadrollahi обраќајќи им се на присутните во Амфитеатарот на УТМС, искажа голема благодарност до Ректорот Проф. д-р Аце Миленковскии желба пријателството и соработката да траат вечно.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/985-svechena-sednica-na-utms#sigProIdb21cb0207e