Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, денес 08.03.2016 година ја продолжи пролетната кампања за упис на нови студенти во академската 2016/17 година, што се одвива низ средните училишта ширум Република Македонија. Целта на кампањата е запознавање на матурантите со наставните програми и единици на Универзитетот за туризам и менаџмент, како би можеле идните академски граѓани што полесно да ја изберат својата професија.
Продолжението на кампањата овој месец стартува во Струмица со посета на две средните училишта, односно приватното средно училиште “Јахја Кемал“и средното техничко училиште СОУ “Никола Карев“.
Тим презентери од УТМС во состав Асс. м-р Јово Ратковиќ, Асс. м-р Андреја Мачкиќ, Асс. м-р Ангела Миленковска, Стефан Ристовски, Јаника Карапеткова, Љупче Миленковски и Драги Илиевски пред присутните матуранти ја презентираа методологијата на работа на УТМС, потоа начинот на студирање и секако условите за студирање.
Во приватното средно училиште “Јахја Кемал“, презентацијата ја следеа 25 матуранти, додека во средното училиште СОУ “Никола Карев“ присуствуваа 61 ученик.
На презентацијата детално беше објаснета наставната програма на петте факултети кои функционираат во рамките на УТМС, односно Економскиот факултет, Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, Факултетот за претприемаштво, Факултетот за туризам и Факултетот за менаџмент на човечки ресурси.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/984-utms-ja-prodolzhuva-proletnata-kampanja-niz-srednite-uchilishta-vo-republika-makedonija#sigProId41fe01109a