УТМС НА ДЕВЕТТОТО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА БАРМЕНИ НА МАКЕДОНИЈА

УТМС НА ДЕВЕТТОТО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА БАРМЕНИ НА МАКЕДОНИЈА

Тим на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје во состав, Доц. д-р Сашко Граматниковски, Декан на Факултетот за туризам и м-р Горан Апостоловски, асистент на Факултетот за туризам и студентите од истиот факултет, присуствуваа на Деветтото државно првенство на бармени на Македонија кое се одржа на ден 15.03.2016 година во кафе барот CHAPTER во Скопје.

На оваа манифестација Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, зема активно учество на повеќе нивоа. Во својство на членови на жири комисијата, која што ги оценуваше учесниците во подготовка на коктели, во сите дисциплини, учествуваа Деканот Граматниковски и асистентот Апостоловски.

Учесниците се натпреваруваа во дисциплината класична подготовка на коктели. Првото место во дисциплината подготовка на коктели на Деветтото државно првенство на бармени на Македонија го освои барменот Никола Јосески, додека второто место го освои Васил Пеевски, а третото место му припадна на Александар Цветковски. За најдобра техничка изведба во подготовка на коктели наградата ја освоиКристина Ѓорѓиевска, за што доби и плакета од Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје.Оваа година за првпат се одржа и Johnnie Walker Sour натпревар во која што победник беше поранешниот студент на Факултетот за туризам на УТМС, Душко Марковиќ. Организацијата на ова првенство беше беспрекорна, за што сведочеа и огромниот број на посетители. На победникот Никола Јосески му посакуваме многу успех и среќа на Светското првенство на бармени кое што ќе се одржи оваа година во Токио, Јапонија.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).