УТМС НА БРАНОВИТЕ НА РАДИО СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА

УТМС НА БРАНОВИТЕ НА РАДИО СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА

Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, во соработка со националното радио, Радио Слободна Македонија, на 10.04.2016 година ја емитуваше педесет и осмата емисија од серијалот емисии посветени на убавините и туризмот во Република Македонија.

Емисијата насловена како "Туристички витраж" се емитува секоја недела со почеток од 13 до 14 часот на брановите на Радио Слободна Македонија. Оваа недела, професорите и асистентите од Универзитетот за туризам и менаџмент, емисијата ја посветија на темата „Интерактивните глобални настани во функција на подобрување на Македонската туристичка и бизнис клима“.

Имено, Асс. м-р Владанка Давковска како уредник и водител, заедно со нејзините колешки Доц. д-р Валентина Палевска-Муцунска и Др. Љупка Наумовска говореа за тоа што претставуваат настаните од апсект на бизнис и маркетинг разбирање, потоа за новините кај настаните како форма на стратешка комуникациска алатка и секако за владиниот проект „Invest in Macedonia“, кој преставува одличен пример за позиционирање на глобална мапа преку низа на инерактивни настани.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај