Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје и денес 12.04.2016 година продолжи со презентации во средните училишта во Кочани и Виница, при што беа посетени училиштата “ Љупчо Сантов“, СОУ“ Ѓошо Викентиев“ и СОУ “Ванчо Прке“.
Тим презентери ов УТМС во состав Горан Апостоловски, Асс. м-р Андреја Мачкиќ, Асс. м-р Марина Стојмирова, Стефан Ристовски, Мила Георгиевска, Јаника Карапеткова, Ангеле Ивановски, Драги Илиевски, направија презентација на Универзитетот за туризам и менаџмент пред матурантите во овие три средни училишта.
На презентацијата на идните академски граѓани им беше објаснета методологијата на работа на УТМС, начинот на студирање, наставните програми за секој факултет поединечно и секако условите за студирање.
Матурантите од овие училишта беа заинтересирани за наставните програми на Факултетот за туризам, Економскиот факултет, Факултетот за менаџмент на човечките ресурски, Факултетот за претприемаштво, и секако за Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, односно поединостите за овие актуелни наставни гранки.
Првото училиште каде беше направена презентација беше СОУ “Ванчо Прке“ од Виница каде присуствуваа 49 ученици, а потоа во средното кочанско училиште СОУ „Љупчо Сантов“ чија презентација ја следеа 83 ученици, како и СОУ “Ѓошо Викентиев“, на која присуствуваа 65 ученици.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/969-utms-so-prezentacii-vo-srednite-uchilishta-vo-kochani-i-vinica#sigProId04e1741eba