Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, денес 13.04.2016 година ја продолжи пролетната кампања за упис на нови студенти во академската 2016/17 година, што се одвива низ средните училишта ширум Република Македонија. Целта на кампањата е запознавање на матурантите со наставните програми и единици на Универзитетот за туризам и менаџмент, како би можеле идните академски граѓани што полесно да ја изберат својата професија.
Во текот на денешниот ден беа посетени две средни училишта во Кавадарци и едно во Неготино.
Тим презентери од УТМС во состав Асс. м-р. Мери Ничкова, Асс. м-р Гордана Серафимовиќ, Асс. м-р Андреја Мачкиќ, Асс. м-р Горан Апостоловски, Јаника Карапеткова и Мила Георгиевска, пред присутните матуранти ја презентираа методологијата на работа на УТМС, потоа начинот на студирање и секако условите за студирање.
Најнапред беше посетена гимназијата СОУГМ “ Добри Даскалов“каде на презентацијата присуствуваа 80 матуранти, додека следната презентација беше направена во електро-техничкото училиште, односно СОУ “ Киро Спанџов-Брко“ на која присуствуваа 68 ученици, додека, во гимназијата, пак, СОУ “Св. Кирил и Методија“ од Неготино со големо внимание презентацијата ја следеа 70 ученици.
На презентацијата детално беше објаснета наставната програма на петте факултети кои функционираат во рамките на УТМС, односно Економскиот факултет, Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, Факултетот за претприемаштво, Факултетот за туризам и Факултетот за менаџмент на човечки ресурси.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/968-utms-so-prezentacii-vo-srednite-uchilishta-vo-kavadarci-i-negotino#sigProId7067c383f2