ПРОМОТИВНАТА КАМПАЊА НА УТМС ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ВЕЛЕС

ПРОМОТИВНАТА КАМПАЊА НА УТМС ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ВЕЛЕС

Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, на 14.04.2016 година продолжи со пролетната кампања за упис на нови студенти во академската 2016/2017 година, овој пат во средните училишта во Велес.

Тим презентери од УТМС составен од Асс. м-р Горан Апостоловски, Стефан Ристовски, Мила Георгиевска, Јаника Карапеткова, Сузана Мурџева и Љупчо Миленков, ги запознаа матурантите со методологијата на работа на УТМС.

Посебно го истакнаа начинот на студирање, специфичностите и предностите на УТМС и секако условите за упис и студирање на петте факултети кои функционираат во рамките на УТМС, односно Економскиот факултет, Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, Факултетот за претприемачки бизнис, Факултетот за туризам и Факултетот за менаџмент на човечки ресурси.

Најнапред беше направена презентација во економското училиште ОСУ“ Јовче Тесличков“ каде присуствуваа 30 ученици, а потоа во гимназијата СОУГ “Кочо Рацин“ чија презентација ја следеа исто така 30 ученици.

Во текот на денешниот ден исто така беа посетени и уште две средни училишта во Велес, односно хемиското училиште ССОУ“ Димитрија Чуповски“ каде беше направена презентација пред 70 ученици и електро-техничкото училиште ССОУ“ Коле Неделковски“, каде беа забележани 90 ученици.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај