Студенти од Универзитетот „Сингидунум“ од Белград, Република Србија, денес 15.04.2016 година беа во посета на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје. Посетата се реализира како резултат на неколку годишната соработка меѓу овој белградски Универзитет и Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје.
Добре дојде на студентите од „Сингидунум“ најнапред им посака Деканот на Факултетот за туризам при УТМС, Доц.д-р Сашко Граматниковски, по што им се обрати и Проректорот на наука и Декан на Економскиот факултет, Проф.д-р Сашо Кожухаров, кој на студентите им ја објасни методологијата на работа на УТМС.
Во оваа насока гостите-студенти имаа можност одблиску да го видат начинот на работа на УТМС, односно да присуствуваат на скенирање на тестови на туку што извршено полагање на колковиум на студенти од повеќе факултети од УТМС. Нешто подоцна во амфитеатарот на УТМС Доц.д-р Зоран Стрезовски одржа кратко предвање на тема врзана за промоција во туризмот.
Истовремено, за студентите од „Сингидунум“ беше организиран и разглед на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, односно на просториите каде се одвива наставата за студентите, потоа кабинетите на професорите и секако кабинетот на Ректорот на УТМС, Проф.д-р Аце Миленковски, кој исто така оствари средба со нив.
Пред да го напуштат УТМС белградските студенти, беа разменети пригодни подароци меѓу преставници на двете институции, по што нивниот престој во Скопје продолжи со разглед на нај значајните културни споменици во главниот град.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/965-studenti-od-univerzitetot-singidunum-od-belgrad-vo-poseta-na-utms#sigProId66e27a78d8