СТУДЕНТИ ОД УТМС ВО ПОСЕТА НА РЕНОМИРАНАТА КОМПАНИЈА „АРЦЕЛОР МИТТАЛ“

СТУДЕНТИ ОД УТМС ВО ПОСЕТА НА РЕНОМИРАНАТА КОМПАНИЈА „АРЦЕЛОР МИТТАЛ“

Студенти од Факултетот за менаџмент на човечки ресурси на ден 09.05.2016 година, ја посетија водечката светска компанија за производство на челик и челични производи „Арцелор Миттал“- подружница Скопје.

На студентите од ФМЧР им беше одржано предавање во Тренинг центарот на оваа компанија од страна на нивниот реномиран Департман за човечки ресурси, кој инаку работи според последни стандарди за менаџирање на човечки ресурси во светот. Истовремено, предавање заедно со краток разглед на производствениот погон на компанијата (со куса практична обука за Здравје и безбедност на работа) беше одржано и во седиштето на компанијата во комплексот Рудници и Железарница, Скопје.

На предавањето присуствуваа студентите од прва и втора година на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси кои имаа можност да се запознаат со тимот за менаџмент на човечки ресурси, со нивните секојдневни обрвски, значењето на постоењето на самиот оддел, како и ризиците на работното место.

На прашањата на студентите, несебично даде исцрпни оговори, г-ѓа Билјана Нелкова Шушкало. Под нејзин надзор се изврши и посета на погонот, каде одговорниот инжињер етапно ги објаснуваше постапките во производството.

 

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).