Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, во соработка со националното радио, Радио Слободна Македонија, на 15.05.2016 година ја емитуваше шеесет и третата емисија од серијалот емисии посветени на убавините и туризмот во Република Македонија.
Емисијата насловена како "Туристички витраж" се емитува секоја недела со почеток од 13 до 14 часот на брановите на Радио Слободна Македонија. Оваа недела, професорите и асистентите од Универзитетот за туризам и менаџмент, емисијата ја посветија на темата „Верски труизам“.
Имено, Асс. м-р Магдалена Андоновска како уредник и водител, заедно со нејзините колеги Доц. д-р Зоран Стрезовски и Асс. м-р Јово Ратковиќ говореа за значењето и практицирањето на верскиот туризам во Република Македонија. Како особено значаен сегмент во оваа приказна беше споменат објектот “Кокино“, при што колегата Ратковиќ даде опсежна информација за историјата на оваа опсерваторија. Доц. д-р Стрезовски, пак, говореше за маркетнишкиот пат и развој на туризмот во Република Македонија, со посебен осврт на верзкиот туризам.