ДЕЛЕГАЦИЈА НА УТМС НА 103-ТАТА СЕДНИЦА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ НА СВЕТСКАТА ТУРИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА ВО МАЛАГА, ШПАНИЈА

ДЕЛЕГАЦИЈА НА УТМС НА 103-ТАТА СЕДНИЦА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ НА СВЕТСКАТА ТУРИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА ВО МАЛАГА, ШПАНИЈА

Малага беше домаќин на 103-тата седница на Извршниот совет на Светската туристичка организација (UNWTO) од 09 до 11 мај 2016 година. На седницата присуствуваа околу 300 претставници од 50 земји, вклучувајќи и 17 министри и државни секретари задолжени за туризам. Со свеченото отворање претседаваше Генералниот секретар на UNWTO, Талеб Рифаи, државниот секретар за туризам на Шпанија, Изабел Борего, градоначалникот на Малага, Франсиско де ла Торе, претседателот на провинцискиот совет на Малага, Елиас Бендодо и министерот за туризам и спорт на регионалната влада на Андалузија, Франциско Хавиер Хернандез Фернандез.

На 103-тата седница на извршниот совет на Светската туристичка организација присуствуваше и делегација на Универзитетот за туризам и менаџмент во својство на придружна членка. Во составот на делегацијата беа: Ректорот Проф. д-р Аце Миленковски, проректорот за меѓународна соработка Проф. д-р Зоран Ивановски и Деканот на Факултетот за туризам Доц. д-р Сашко Граматниковски.

Седницата се одржа во клучно време за развој на овој сектор, кој продолжува по својот нагорен тренд на раст, веќе е 7 проценти од вкупниот светски извоз. Туризмот бележи речиси 1,2 милијарди меѓународни туристички пристигнувања во 2015 година, што претставува зголемување од 4% во текот на претходните дванаесет месеци, Светската туристичка организација потврдува дека стапката на раст ќе продолжи по нагорна линија во 2016 година. Всушност, зголемувањето на меѓународните пристигнувања во првите месеци на годината, на 5 отсто, веќе ја надмина бројката раст за минатата година.

На Извршниот совет се дискутираше и за предизвиците и можностите во областа на туризмот, на програмата за работата на организацијата и агендата за одбележување на 2017-та како Меѓународна година на одржлив развој во туризмот.

На овој извршен совет беа примени нови 26 придружни членки и беше одлучено следната седница да се одржи во Луксор, Египет во последниот квартал од оваа година.

Во рамките на 103-тата седница на извршниот совет на Универзитетот за туризам и менаџмент му беше свечено и официјално доделен TEDQUAL сертификатот. Сертификат на UNWTO и THEMIS фондацијата со кој се потврдува квалитетот во наставната програма. Универзитетот за туризам и менаџмент е само 76-тиот Универзитет во светот кој го добива овој сертификат, што само укажува на нивото на квалитет на оваа институција. Сертификатот на Ректорот на Универзитетот Проф. д-р Аце Миленковски лично му го додели генералниот секретар на Светската туристичка организација, Талеб Рифаи. Тој воедно истакна дека е горд поради тоа што доделува вакво признание на универзитет на кој и самиот е Professor Honoris Causa.

Во рамките на Извршниот совет на UNWTO, претставниците на УТМС имаа поединечни средби и со Márcio Favilla и Zoltаn Somogyi-Извршни директори на UNWTO, Isabel Garana-Регионален директор за Европа на UNWTO, Yolanda Perdomo-Директор на придружните членки на UNWTO, Омар Валдез-Извршен директор на UNWTO THEMIS фондацијата, Нахид Багиров-претседател на бордот на Туристичката асоцијација на Азербејџан, Наџиб Балала-Државен секретар за туризам на Кенија, поголем број на придружни членки на UNWTO.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај