Студентите на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје и оваа година традиционално завршувањето на академската година го одбележаа со забава, која што се одвиваше пред платото на Универзитетот.
Мотото на забавата беше “Да навиваме за нашиот тим“ со што практично и се одбележа почетокот на Европското фудбалско првенство, за кое впрочем беше и одреден специјален дрес код, кој секој од присутните го избра врз основа на својата омилена фудбалска репрезентација. За музиката се погрижија „Latino Salsa Bend“, кои што свиреа во препознатлив латино ритам.
На забавата присуствуваа околу 200 лица, односно студентите на Универзитетот за туризам и менаџмент и вработените на оваа високо образовна институција.