НА УТМС ОДРЖАНА ОБУКА ЗА НАСТАВНИЦИТЕ ОД СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ОД ГРАД СКОПЈЕ

НА УТМС ОДРЖАНА ОБУКА ЗА НАСТАВНИЦИТЕ ОД СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ОД ГРАД СКОПЈЕ

Улогата на стручните соработници во менаџирањето на човечките ресурси во училиштата.

Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, на 16.06.2016 година во просториите на оваа високо образовна институција, успешно реализираше уште една обука, овој пат наменета за наставниците од основните училишта од Град Скопје. На обуката чиј наслов беше “Улогата на стручните соработници во менаџирањето на човечките ресурси во училиштата“, присуствуваа 90 наставници од повеќе училишта од главниот град.

Воведен збор имаше Деканот на Факултетот за менаџмент на човечки ресусри Проф. д-р Александра Столковска, која направи презентација на УТМС, при тоа потенцирајќи го начинот на функционирање, односно методологијата на работа на оваа високо образовна институција.

Свои предавања имаа Проф. д-р Константин Петковски, кој говореше на тема “Современите аспекти на менаџирање на човечките ресурси во воспитно-образовните институции и презентирање на сознанија од спроведени истражувања“, додека Доц. д-р Валентина Муцунска-Палевска одржа предавање за “Примената на ефективните стратегии на комуницирање во процесот на менаџирањето на човечките ресурси во установите за деца“.

По завршувањето на обуката на присутните им беа доделени соодветни сертификати.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај