УТМС ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВОТО НА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

УТМС ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВОТО НА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје денес 13.07.2016 година, потпиша Меморандум за соработка со Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер. Меморандумот во името на УТМС го потпиша Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, Проф. д-р Аце Миленковски, додека во името на Комисијата, нејзиниот претседател Д-р Ѓорѓи Сламков.

Потписниците на Меморандумот се обврзуваат дека ќе ја развиваат соработката од подрачјето на заштитата на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, во насока на доследно спроведување на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Соработката помеѓу потписниците ќе се одвива во насока на одржување на континуирани обуки во врска со спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, во полето на образованието. Целта на обуките ќе биде подигнување на јавната свест, и степен на запознаеност на целната група со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и првата и обврските кои произлегуваат од него.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај