ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ – СКОПЈЕ И ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЖЕНИ МЕНАЏЕРИ - ЕЛИТ

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ – СКОПЈЕ И ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЖЕНИ МЕНАЏЕРИ - ЕЛИТ

Во насока на продолжување на соработката со бизнис секторот, Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, претставуван од проф. д-р Аце Миленковски, ректор на Универзитетот, потпиша Меморандум за соработка со Здружението на жени менаџери ЕЛИТ претставувано од Ленка Угриновска, претседател на ЕЛИТ.

Потписниците на овој Меморандум, во рамките на своите надлежности, се договорија да соработуваат за потребите на членовите на Сојуз на стопанските комори на Македонија и Здружението ЕЛИТ, со цел соработка во областа на промоцијата, поттикнувањето и омасовувањето на женското претприемништво и лидерство.

Потписниците на меморандумот, соработката ќе ја остваруваат во различни области, а како главни области на соработка се наведуваат: заедничка организација на настани на значајни теми од заеднички интерес; заеднички настапи и аплицирање на проекти, конкурси за добивање на финансиски средства за реализација на активности во насока на зацврстување на женското лидерство, но и останати од заеднички интерес; поддршка и меѓусебно присуство на индивидуални настани организирани од потписниците на меморандумот; промовирање и поттикнување на женското претприемништво и женското лидерство и нивната улога во македонската економија; поддршка на жените - одлучувачи на големи деловни одлуки во различни дејности од приватниот, па подоцна и јавниот сектор во Македонија и изнаоѓање системски решенија за зголемување на нивниот број во управните и надзорните одбори; развивање на менторски систем, каде што успешните жени-менаџери ќе учествуваат во едукација и советување на помладите, почетници жени-менаџери; промоција на други индивидуалните активности на потписниците на меморандумот; заедничко учество на меѓународни настани, семинари, анкетни посети и слично кои ќе придонесат да се реализираат заедничките цели и да ја зајакнат меѓусебната соработка; размена на информации, статистика, и останати активности од заеднички интерес, како и други области и форми на соработка кои ќе ги договорат потписниците на Меморандумот.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).