Програмата за промоцијата на Универзитетот за туризам и манеџмент од Скопје, опфаќа повеќе интегрирани маркетинг комуникации кои имаат за цел да создадат имиџ на препознатлива високообразовна институција кај домашната и меѓународната јавност. Покрај методологијата и системот на работа кој се применува, различен од останатите сродни институции во државата, еден од препознатливите белези на УТМС секако се и активностите од страна на вработените и студентите поврзани со континуирана подршка и учество во емисии од едукативен, културен и забавно-рекреативен карактер.
Согласно маркетинг стратегијата за промоција во јавноста, како и во рамки на определбата за продуцирање на високообразовни кадри кои ќе умеат да се соочат со предизвиците, што во иднината, 20 студентите во придружба на асистентите од Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, почнувајќи од септември, секој последен викенд во месецот, земаат учество во снимањето на популарниот квиз „Арена“ во продукција на АЛФА ТВ. Со учество во улога на публика, студентите имаат можност да се запознаат со начинот на работа на телевизијата како моќен медиум и процесот на снимање на телевизиски производи од овој тип. Притоа, студентите имаат можност да освојат вредни награди согласно концептот за снимање и продукција на АЛФА ТВ.