ДЕЛЕГАЦИЈА НА УТМС НА 104-ТАТА СЕДНИЦА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ НА СВЕТСКАТА ТУРИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА И ПЕТТИОТ UNWTO ГЛОБАЛЕН САМИТ ЗА ГРАДСКИ ТУРИЗАМ ВО ЛУКСОР, ЕГИПЕТ

ДЕЛЕГАЦИЈА НА УТМС НА 104-ТАТА СЕДНИЦА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ НА СВЕТСКАТА ТУРИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА И ПЕТТИОТ UNWTO ГЛОБАЛЕН САМИТ ЗА ГРАДСКИ ТУРИЗАМ ВО ЛУКСОР, ЕГИПЕТ

Луксор, Египет е домаќин на 104-тата седница на Извршниот совет на Светската туристичка организација (UNWTO), што се одржува од 30 октомври до 2 ноември 2016 година. На седницата присуствуваат министри и државни секретари од педесетина држави во светот. На оваа седница во својство на придружна членка присутна е и делегација на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје. Делегацијата ја сочинуваат Аце Миленковски, ректор, Сашко Граматниковски, декан, Јово Ратковиќ, директор на човечки ресурси и Ангела Миленковска, асистент на УТМС. Во продолжение на Извршниот совет, од 1-3 ноември ќе се одржи и 5-тиот UNWTO глобален самит за градски туризам под наслов „Градовите: Локална култура за глобалните туристи“.

На отворањето на овие настани генералниот секретар на Светската туристичка организација, господинот Талеб Рифаи истакна дека воопшто не е случајно што се среќаваме овде. Египетскиот град Луксор познат по древните Египетски храмови и гробници е прогласен за главен град на меѓународниот туризам во светот за 2016 година. Овие настани се одржуваат во клучен период за Египет и ова е подршка на UNWTO за опоравување на туризмот во оваа држава. Затоа тој потенцираше дека ова не е Холивуд, туку вистинско место, ова е местото од каде што сè започна.

 

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).