УТМС НА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО НОВИ САД НА ТЕМА: БИОДИВЕРЗИВИТЕТОТ, НИСКОКАРБОНСКИОТ ТУРИЗАМ И ЛОКАЛНИОТ ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

УТМС НА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО НОВИ САД НА ТЕМА: БИОДИВЕРЗИВИТЕТОТ, НИСКОКАРБОНСКИОТ ТУРИЗАМ И ЛОКАЛНИОТ ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Претставници од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје на 18-ти и 19-ти Ноември 2016 година учествуваа на меѓународната конференција на тема: „ТРАНСФОРМИРАЊЕ НА РЕГИОНОТ: ТУРИЗМОТ И АГЕНДАТА 2030 ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ“, која се одржа во Нови Сад, Р. Србија. Делегацијата беше предводена од проректорот за наука и развој, проф. д-р Сашо Кожухаров, а свое активно учество имаа и проректорот за настава, проф. д-р Мијалче Ѓеоргиевски , деканот на Факултетот за туризам, проф. д-р Сашко Граматниковски , асс. м-р Андреа Мачкиќ како и студентите Благица Бутикоска, Емилија Славева, Марија Магдалена Миовска, Марио Стојкоски, Александар Тофиловски и Гордан Димов.

Во рамките на агендата на конференцијата се разработуваа следниве теми:

• Детерминирање на успешна иднина со искористување на Владините мерки за одржлив развој на туризмот-круцијални мерки, политики и акциони планови;

• Регионално брендирање и промоција: Стратегии за раст и успешни приказни од аголот на приватниот и јавниот сектор;

• Поддршка на регионалната туристичка конкуренција;

• Јавно-приватното партнерство и иницијативите за финансиска поддршка на заштитените подрачја;

• Локалниот економски развој во „зелените вработувања“ во светло на Агендата 2030-та за одржлив развој;

• Растечката улога на медиумите во развојот и промоцијата на туризмот.

Во пленарниот дел од конференцијата кој беше посветен на Регионално брендирање и промоција, свое излагање имаше проректорот за наука и развој, проф. д-р Сашо Кожухаров, кој низ призмата на дијахрониски пресек на брендирањето и промоцијата на УТМС го истакна значењето на стратешкото планирање и промовирање на брендот во функција на перманентно иновирање и следење на светските трендови во сегметот на креирање на курикулумите, квалитетот на наставно-научната работа која е во функција на градење конкурентска компетентност на студентите, компатибилна со бизнис трендовите. Во тој контекст како пример и успешна приказна од аголот на приватниот сектор беше посочен Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Презентацијата за брендирањето и промовирањето на УТМС на тема: Десет години посветени на знаењето предизвика огромно интересирање особено поради иновативната содржинска и визуелна креација. Во текот на одвивање на конференцијата се реализира и Форумот на идни лидери: Образованието за одржлив менаџмент и практика, во кој беа организирани работилници по системот на автономни тимови составени од студенти од универзитетите од десет држави од регионот. На Форумот активно учество земаа и студентите од УТМС кои како тим беа лидери во промовирањето и афирмирањето на иновативните менаџерски практики од аспект на стекнати академски и применливи знаења.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај