Во рамките на меѓународната соработка на 7-ми Февруари, 2017 година во работна посета на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје престојуваа директорот на последипломски студии на Универзитетот во Лугано, проф. д-р Rico Maggi, и студенти на последипломски студии. По повод оваа посета на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје беше организирано предавање од доц. д-р Зоран Стрезовски и доц. д-р Дејан Наковски на следниве теми: Политика за развој на туризмот во Република Македонија и Туризмот во Република Македонија и Скопје. Предавањата побудија особен интерес и дискусија кај студентите од Универзитетот во Лугано. Во рамките на интеруниверзитетската посета беа разменети мислења за актуелните процеси во областа на туристичката индустрија со компаративен осврт на состојбите во туристичката индустрија во Р. Македонија и развиените економии во светот. Во тој контекст беа договорени идните активности за понатамошна соработка на академско ниво.