УТМС СО ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА 24-ТА СЕСИЈА НА КЛУБОТ НА ИСТРАЖУВАЧИТЕ НА НБРМ

УТМС СО ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА 24-ТА СЕСИЈА НА КЛУБОТ НА ИСТРАЖУВАЧИТЕ НА НБРМ

Перманентната деловната соработка на институционално и академско ниво помеѓу Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје и Народна Банка на Република Македонија, денес, 2 Март 2017 година беше остварена во просториите на НБРМ каде се одржа 24-та сесија на Клубот на истражувачите. На оваа сесија беа презентирани два трудови од кои првиот труд со наслов „Исламско банкарство и неговите перспективи“ е напишан од професори од Универзитетот за турзам и менаџмент-Скопје, а е објавен во јануарското издание на меѓународно научно списание за академски истражувања од областа на бизнисот и општествените науки. Авторите на трудот, проф. д-р Сашо Кожухаров, декан на Економскиот факултет на УТМС, доц. д-р Јана Илиева, професор на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси и доц. д-р Наташа Ристовска, декан на Факултетот за претприемачки бизнис, пред бројната стручна публика ги претставија спецификите на исламското право, принципите на исламското банкарство, структурата на исламските и конвенционалните финансиски договори, како и врската помеѓу исламските концепти и економската стабилност, со потенцирање на можностите и перспективите на исламското банкарство.

 

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).