МОЖНОСТИ И ПЕРСПЕКТИВИ ЗА СТУДЕНТИТЕ НА УТМС ПРЕКУ ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС ПЛУС

МОЖНОСТИ И ПЕРСПЕКТИВИ ЗА СТУДЕНТИТЕ НА УТМС ПРЕКУ ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС ПЛУС

Како дел од стратегија за интернализација, Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје од 2015 година е активно вклучен во програмата Еразмус плус, нудејќи им можност на студентите да студираат или да работат во странство во рамките на нивните студиски програми. Оваа цел е потенцирана во политиките за стратешка визија на универзитетот според кои „УТМС ќе тежнее кон создавање на повеќе можности за студирање во странство на студентите како клучен објектив на универзитетската стратегија за поголема вработливост на студентите“.

Од своето основање, програма за размена на студенти Еразмус беше промовиранa од страна на Европската комисија како уникатно, студентско искуство кое ja поттикнува или зголемува европска свест кај учесниците во програмата. Оваа програма на ЕУ на годишно ниво мобилизира повеќе од 150.000 студенти и има огромно значење за промовирање на европскиот идентитет.

СТУДЕНТСКИ ИСКУСТВА

Студирањето преку Еразмус плус програмата е прекрасно искуство. Тоа претставува уникатна можност не само за личен туку и за академски развој. Да се биде неколку месеци во интернационална средина е најдобра можност за воспоставување на интеркултурни контакти, откривање на нови култури и учење на нови јазици.

Ана Анушка Ратковиќ, студент на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси на Политехнички институт за менаџмент и технологија, Португалија: „ Моето учество во Еразмус програмата е вистинско уживање, возбудливо искуство кое ги прошири моите видици и ги надмина сите мои очекувања“

Николина Костовска, студент на Факултетот за туризам на Политехнички институт Кавадо и Аве, Португалија: „ Еден од најдобрите периоди во мојот живот ако не и најдобар“

Вероника Макарова, студент на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси на Политехнички институт за менаџмент и технологија, Португалија: „ Ова искуство можеби изгледа помалку страшно, но несомнено секој студент мора да го искуси. Особено оние кои студираат на Факултети со интернационален предзнак, подготвени да се соочат со современите предизвици на глобалниот пазар каде јазиците се од особена важност“

Вероника Димеска, Студент на Факултетот за туризам на Политехнички институт за менаџмент и технологија, Португалија: „ Бидејќи е незаменливо искуство, кое те прави побогат, го отвара твојот ум, те менува... Секој треба да го направи овој чекор. Не размисувајте многу! Едноставно заминете“
Veronika Dimeska

Марко Поповски, студент на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси во Политехнички институт за менаџмент и технологија, Португалија: „ Што ми се допаѓа најмногу? Нови луѓе, нови култури, нови вредности, нови предизвици, нови перспективи... Може да посетите нови држави, градови... Прекрасно искуство кое силно го препорачувам“

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).