Во рамките на проектот Еразмус +, програма за студентска мобилност, студенти од УТМС имаат можност да следат дел од студиите на реномирани универзитети во светот. Квалитетот на наставата на УТМС е препозаен и високо вреднуван од реномирани професори од целит свет. Еклатантен пример е студентката Анушка Ана Ратковиќ од Факултетот за менаџмент на човечки ресурси на УТМС која преку проектот Ереазмус+ во академската 2016-2017 студиите ги реализира на високообразовна институција која има компатибилна наставна програма за менаџмент на човечки ресурси на Политехнички институтот за менаџмент и технологија во Вила Нова Де Гаја во Португалија.
Студентката Анушка Ана Ратковиќ покрај следење на наставата, активно учествува во сите интерактивни часови и дополнителни активности на Институтот. Проектните задачи кои ги работат се со еднаков квалитет со оние кои се работат на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Уште на почетокот во новата академска средина студентката се здоби со предност пред останатите студенти. При проверка на задачите, професорите ја одбрале проектната задача на Анушка Ана Ратковиќ под наслов The changes that occurred in the recruitment and selection process за најдобара со што и дале можност истата да ја пријави на научната конференција VII Conference Research and Intervention in Human Resources - Managing People: a changing role. По прифатениот апстракт и изработен труд, студентката се подготвува за настап на претрстојната конференција.
И посакуваме успех!