НА УТМС РЕАЛИЗИРАНА ОБУКА НА МАТУРАНТИ ОД СОУ „ЦАР САМОИЛ” ЗА КРЕИРАЊЕ НА РАБОТНА БИОГРАФИЈА

НА УТМС РЕАЛИЗИРАНА ОБУКА НА МАТУРАНТИ ОД СОУ „ЦАР САМОИЛ” ЗА КРЕИРАЊЕ НА РАБОТНА БИОГРАФИЈА

Во рамките на планираните активности на Центарот за кариера на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје, на 25 Април 2017 година, беше спроведена обука на матурантите од СОУ „Цар Самоил“ од Ресен. Обуката ја отвори деканот на Факултетот за претприемачки бизнис, доц. д-р Наташа Ристовска, која на матурантите им го презентираше универзитетот со посебен акцент на уникатната методологијата на студирање, современите услови за работа како и примената на дигиталната технологија за време на студиите. Обуката на тема: Креирање на работна биографија, ја реализираше доц. д-р Валентина Муцунска Палевска. Во воведниот дел од сесијата беше потенцирано значењето на работната биографија во процесот на аплицирање за работна позиција. Во продолжение на обуката преку интерактивни симулации беа презентирани современите академски стандарди кои треба да се применуваат во креирањето на работна биографија. Вториот дел од обуката беше апикативен во кој секој учесник пополнуваше лично CV на европски стандардизиран темплејт . По завршувањето на обуката на учесниците им беа доделени сертификати.

 

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).