Во рамките на стратешката определба на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје за соработка со деловната заедница, на 25-ти Април 2017, потпиша меморандум за стратешко партнерство и соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. На состанокот двете страни се договорија за организирање на заеднички активности и иницијативи за зголемување на безбедноста на младите во сообраќајот, унапредување на меѓусебната соработка, размена на добри практики и заедничка реализација на општествено корисни активности за зголемување и унапредување на безбедноста на младите во патниот сообраќај.