Тим од Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје со промотивни активности учествуваше на Образовното рандеву кое се одржа во СОУ „Кочо Рацин”-Велес. Настанот беше организиран од учениците под менторство на професорите. Промоцијата на УТМС беше реализирана преку мултимедијална презентација и директна комуникација со учениците кои покажаа особен интерес за методологијата на студирање, работата на Центарот за кариера кој активно ги подготвува студентите за вработување и градење на професионална кариера, како и организирањето на практичната настава во реномирани компании во Р. Македонија и во странство. Дел од матурантите кои учествуваа на настанот аплицираа за упис на УТМС.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/815-promocija-na-utms-na-obrazovno-randevu-vo-sou-kocho-racin-vo-veles#sigProId4a13cae8c6