Во рамки на својата промотивна кампања за упис на студенти, УТМС реализираше презентација пред матурантите од средното економско училиште „Јане Сандански" во Битола. Тимот на УТМС со својата професионалност и мултимедијална презентација предизвика интерес кај матурантите кои внимателно ги следеа 10-те причини за студирање. Во интеракцијата матурантите истакнаа дека програмата Ерасмус+, платената практична работа во странство, современите услови и методологијата на студирање им предизвикале најголем интерес.
View the embedded image gallery online at:
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/813-promocija-na-utms-pred-maturantite-vo-soeu-jane-sandanski-vo-bitola#sigProId105a709f74
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/813-promocija-na-utms-pred-maturantite-vo-soeu-jane-sandanski-vo-bitola#sigProId105a709f74