Во функција на апликативно промовирање на предностите за студирање на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје, матуранти од СОУ „Јосип Броз Тито” и СОУ „Таки Даскало” од Битола го посетија универзитетот при што остварија средби со деканите и професорите со кои разговараа за условите и можностите за студирање. Воедно преку мултимедијална презентација им беше претставена апликативноста на платфотмата Е-студент и Е-библиотека, примената на дигиталната технологија во процесот на учење, ентериерот на предавалните и амфитеатарот. За време на посетата матурантите присуствуваа на предавања по предметот Бренд менаџмент и Семејни бизниси со цел претставување на методологијата на студирање. Во непосредната комуникација со вработените и студентите, матурантите го искажаа големото задоволство и импресиите од атмосферата на УТМС како и од современите услови за студирање. Дел од матурантите донесоа одлука да студираат на УТМС.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/810-maturanti-od-sou-j-b-tito-i-sou-taki-daskalo-od-bitola-vo-poseta-na-utms#sigProId5d105e0350