Универзитетот за туризам и менаџмент- Скопје за најдобрите студенти обезбедува можности за глобален професионален и академски развој. Извонредната меѓународна соработка и приоритетната фокусираност на наградување и поттикнување на можноста за меѓународна компетитивна етаблираност, УТМС на најдобрите студените им овозможи вклучување во еднонеделна МВА едукативна програма на тема: „Лидерство и организациско однесување” на престижниот Maastricht School of Management во Холандија.
Програмата која е наменета за врвни студенти од целиот свет, Maastricht School of Management, ќе се реализира од 12-ти до 16-ти Јуни, 2017 година.
Покрај предавањата од врвни професори од универзитетот, студентите ќе имаат можност за посета на глобални и водечки компании во Холандија.