УТМС ДОДЕЛИ ВРЕДНОСНИ ПОДАРОЦИ НА НАЈАКТИВНИТЕ УЧЕСНИЦИ ВО ИГРАТА НАЈ УТМС ФОТКА

УТМС ДОДЕЛИ ВРЕДНОСНИ ПОДАРОЦИ НА НАЈАКТИВНИТЕ УЧЕСНИЦИ ВО ИГРАТА НАЈ УТМС ФОТКА

Универзитетот за Туризам и Менаџмент-Скопје инклузивно делува кон своите студенти во низа од наставни и воннаставни проекти. Еден од најинтересните проекти кој беше спроведен преку социјалната мрежа Фејсбук е играта "Нај УТМС Фотка” која беше иницирана веднаш по церемонијата на 10-годишнината на УТМС минатата година во октомври. Играта беше отворена за сите присутни на извонредниот настан во Македонскиот Народен Театар по повод свеченото доделување на дипломите и траеше две недели.

На свечената церемонија по повод доделување на пофалници за најдобрите студенти, денес, на 08.06.2017 год. под покровителство на фондот „Проф. д-р Љубе Миленковски” на победниците на играта „Нај УТМС фотка” им беа врачени подароците: за освоено прво место 30.000,00 денари Јасмина Димишкова, дипломирана на Економскиот факултет со 519 лајкови, за второ место 20.000,00 денари Анита Богданова, дипломирана на Факултетот за туризам со 414 лајкови и за освоено трето место 10.000,00 денари Катерина Велковска, дипломирана на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент со 211 лајкови.

Академскиот кадар и управата на УТМС упати искрени честитки кон добитниците.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај