Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје ги продолжи своите промотивни активности во Ресен. Тимот составен од асс. м-р Јово Ратковиќ, асс. м-р Маријана Радевска, асс. м-р Јулијана Петровска и Горан Каровски учествуваше на дефилето на матурантите од СОУ „Цар Самоил” во Ресен. Свечената манифестација на матурантите, која се одржа на градскиот плоштад во Ресен беше отворена од страна на градоначалникот, д-р Живко Гошаревски.
На манифестацијата учевствуваа 92 матуранти, а Универзитетот за туризам и менаџмент како покровител на манифестацијата на секој матурант му подари ваучер за упис на универзитетот.
УТМС на сите матуранти им го честита матурирањето и им посака многу поголеми успеси во иднина.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/761-utms-pokrovitel-na-svechenata-manifestacija-na-maturantite-vo-gradot-resen#sigProId55cb512e1c