Во рамките на општетвено одговорните активности, Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје беше домаќин на учениците од Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ од Скопје. Учениците беа пречекани од претставници на УТМС: доц. д-р Јана Илиева, асс. м-р Јово Ратковиќ, асс. м-р Марина Стојмирова и асс. м-р Гордана Серафимовиќ кои ги поздравија присутните и ги запознаа со уникатните можности за студирање и личен развој кои ги нуди универзитетот. За време на посетата, асс. м-р Марина Стојмирова одржа предавање на тема: „Бугарија како туристичка дестинација“. Дружењето на УТМС беше дополнето и со разглед на предавалните, креативните простории и амфитеатарот што наиде на големо одушевување од страна на учениците.
Им се заблагодаруваме на учениците од Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ од Скопје за посетата.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/754-posetata-na-uchenicite-od-ducor-partenija-zografski-na-utms#sigProId902f095644