Согласно политиката за одржлив развој и стратегијата за постојана експанзија, како и потребите на бизнис секторот, Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје добри акредитација од Министерството за образование и наука на Р. Македонија за уште еден, шести по ред – Факултет за информатика.
Покрај петте постоечки факултети од областа на општествените науки: туризам, маркетинг, човечки ресурси, економија и претприемништво, УТМС со гордост го објавува новиот факултет за информатика кој ќе одговори на интересите на оние матуранти кои себеси се гледаат како ИКТ професионалци и промотори на идните технолошки и дигитални промени.
На глобално ниво ИКТ индустријата е најдинамична во својот развој, а согласно анализите овој тренд ќе продолжи и во иднина со опфат на најголем дел од глобалниот бизнис и новите вработувања.