НА УТМС ОДРЖАНА НАТО КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА: РАБОТИ ЛОКАЛНО, ДЕЛУВАЈ НАЦИОНАЛНО, РАЗМИСЛУВАЈ ГЛОБАЛНО

НА УТМС ОДРЖАНА НАТО КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА: РАБОТИ ЛОКАЛНО, ДЕЛУВАЈ НАЦИОНАЛНО, РАЗМИСЛУВАЈ ГЛОБАЛНО

На 26.04.2018 година, на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје се одржа НАТО Конференција на тема: „Работи локално, делувај национално, размислувај глобално” во организација на Центар за економски политики, анализи и консалтинг, ЦЕПАК, спонзорирана од НАТО и Директоратот за јавна дипломатија.

Целта на Конференцијата беше информирање за тоа што значи да се биде членка на НАТО и придобивките на Р. Македонија како кандидат за членство во НАТО. Предавачи на Конференцијата беа високи функционери, поранешни и сегашни еминентни гости меѓу кои: проф. д-р Стево Пендаровски, главен координатор за НАТО на Р. Македонија, Генерал Мирослав Стојановски (поранешен НГШ на АРМ) и советник на министерот за одбрана на Р. Македонија, претставници на НАТО од Брисел и Македонија, искусни луѓе од оваа област. Свое излагање за Развиени комуникации во процесот на пренесување на вистински информации/факти за НАТО на локално ниво, имаше доц. д-р Валентина Муцунска Палевска од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
На Конференцијата беа присутни и студентите од Универзитетот за туризам и менаџмент кои имаа можност да добијат директни информации и да учат од најдобрите. Тие се здобија со знаења за соработката на НАТО со партнерите и за идните предизвици, важноста на НАТО за Македонија, но и можноста Македонија да има свој придонес за НАТО. Исто така се запознаа со значењето на политиката на отворени врати на НАТО и активно учествуваа во панел дискусијата. Преку средба со експерти, учење за тактики и запознавање со НАТО, студентите од УТМС стекнаа нови искуства и знаења.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).