ПРЕТСТАВНИЦИ ОД УТМС НА WESTERN BALKAN DIGITAL SUMMIT 2018

ПРЕТСТАВНИЦИ ОД УТМС НА WESTERN BALKAN DIGITAL SUMMIT 2018

Дводневниот регионален настан "Дигитален самит за Западен Балкан" денес, 18.4.2018 година, беше официјално отворен од Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Зоран Заев. Фокусот на настанот е интензивирање на регионалната соработка за подобра дигитална иднина на Западен Балкан. На самитот присуствуваа, г-ѓа Марија Габриел, државниот секретар на Германското сојузно министерство за економски прашања и енергија, г-дин Томас Бареас и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, како и бројните владини претставници од земјите од регионот, претставниците на ЕУ, членовите на делегациите и тимовите од земјите спонзори на Берлинскиот процес. На самитот присуствуваа и пртставници од Универитетот за туризам и менаџмент во Скопје: проф. д-р Далиборка Блажеска, проф. д-р Симе Арсеновски, доц. д-р Благица Новковска и доц.д-р Љупка Наумовска.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај