Студентите од Факултетот за туризам при Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, се дел од Саемот за туризам кој секоја година од 14 до 16 април се одржува во Скопје.
Имено, студентите од Факултетот за туризам на овогодинешниот Саем се ангажирани од страна на повеќе туристички агенции и оператори од Република Македонија, како идни професионалци во оваа област.
Нивната задача е да ги промовираат агенциите и операторите од Република Македонија како и нивните сорабтници од туристичките индустрии на соседните земји, а особено од Република Турција. Имено, неколку позначајни хотели од оваа земја ангажираа студенти од нашиот Универзитет кој што ќе ги презентираа пред македонската јавност.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/610-studentite-od-fakultetot-za-turizam-del-od-saemot-za-turizam-vo-skopje#sigProIdced7480fee