УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ДОБИТНИК НА БИЗНИС НАГРАДАТА - ЗЛАТНА МОНЕТА ЗА ВИСОКИ СТАНДАРДИ ВО ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ПРЕТПРИЕМАШТВОТО ВО ОБЛАСТА НА ОБРАЗОВАНИЕТО

УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ДОБИТНИК НА БИЗНИС НАГРАДАТА - ЗЛАТНА МОНЕТА ЗА ВИСОКИ СТАНДАРДИ ВО ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ПРЕТПРИЕМАШТВОТО ВО ОБЛАСТА НА ОБРАЗОВАНИЕТО

Сојузот на стопански комори на Македонија, на Свечената академија одржана на 03.11.2016 година во Македонска опера и балет, во чест на истакнатите деловни успеси во стопанството за 2016 година, на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје му ја додели бизнис наградата - Златна монета за високи стандарди во имплементирање на претприемаштвото во областа на образованието во Република Македонија.

На Свечената академија во Македонската опера и балет, Универзитетот го претставуваа Зоран Ѓорѓески, Генерален секретар на Универзитетот за туризам и менаџмент, проф. д-р Сашо Кожухаров, проректор за наука и развој, проф. д-р Далиборка Блажеска, декан на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент и доц. д-р Наташа Ристовска, декан на Факултетот за претприемачки бизнис. Наградата во име на Универзитетот ја прими генералниот секретар Зоран Ѓорѓески.

Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје е единствената високобразовна установа во Република Македонија која ја доби бизнис наградата - Златна монета за воспоставување на високи стандарди и квалитет во имплентирање на претприемаштвото во областа на образованието.

Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје обезбедува иновативен пристап во образованието од областа на бизнис менаџментот и претприемаштвото преку студиската програма на Факултетот за претприемачки бизнис.

Следејќи ги современите трендови во образованието и потребите на пазарот на трудот, Универзитетот за туризам и менаџмент го основаше единствениот Факултет за претприемачки бизнис во државата. Факултетот за претприемачки бизнис им овозможува на студентите да го стекнат потребното знаење и вештини за да бидат претприемачки лидери, да започнат нов бизнис или да бидат генератори на иновациите во компаниите во кои работат.

Оваа награда е само потврда на континуираните заложби на Универзитетот за квалитет во областа на образованието и воспоставување и реализација на успешна соработка со бизнис заедницата.

На Свечената академија на која присуствуваа академици, амбасадори, министри и заменици министри, бројни претставници на бизнис заедницата, институции и организиации, златни монети беа доделени и на успешни компании во Република Македонија за високи достигнувања и квалитет во доменот на нивното работење.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).