Уште едно големо меѓународно признание за квалитетот, иновативноста и посветеноста на Универзитет Скопје!
Универзитет Скопје ја доби престижната Светска туристичка награда во категоријата „Најдобра образовна програма за туризам“, за успешната реализација на меѓународната Еразмус+ програма „Паметни вештини за паметна иднина – Дигитализација во туристичкиот бизнис“.
Наградата беше свечено доделена на 9 ноември 2026 година, на гала вечера во Брисел, во рамките на Годишниот состанок на Глобалниот туристички форум.
Ова признание е потврда за меѓународниот углед на Универзитет Скопје и неговиот придонес во современото туристичко образование, дигиталната трансформација и создавањето конкурентни кадри за иднината на туризмот.
20 години Универзитет Скопје препознаен квалитет, потврден меѓународен успех!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2821-univerzitet-skopje-dobitnik-na-svetskata-turistichka-nagrada-za-2026-godina#sigProId5d06682e77
