Златна плакета за ректорот на Универзитет Скопје, Проф. д-р. Аце Миленковски, од Универзитетот за телекомуникации и пошти од Софија, што ректорката на тој универзитет, Миглена Темелкова му го додели за досегашната успешна соработка меѓу двата универзитета.
Повод беше свечената академија за 145 годишнината од основањето на Универзитетот за телекомуникации и пошти во Софија, што се одржа на 12.09.2026. Ректорот Миленковски се заблагодари на ова признание и изрази надеж за натамошна меѓусебна соработка во обостран интерес.
Инаку, претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, министри во бугарската влада, странски амбасадори, како и високи гости од други области, меѓу кои и делегација на Универзитет Скопје, предводена од ректорот, Проф. д-р Аце Миленковски, присуствуваа на свечената академија. Покрај ректорката на универзитетот, Миглена Темелкова, на присутните им се обрати и претседателката на Бугарија, Илијана Јотова.
Делегацијата на Универзитет Скопје, претходно, присуствуваше и на церемонијата на доделување дипломи и почетокот на новата академска година на Универзитетот за телекомуникации и пошти во Софија, кој прославуваше 145 години од основањето. На свеченоста учествуваше и бугарскиот вице-премиер Атанас Пеканов.
На ректорот Миленковски му беше укажана чест да им се обрати на присутните и да им ги додели дипломите на дел од најдобрите студенти на овој универзитет.
Ова е уште една потврда на меѓународната соработка и угледот на Универзитет Скопје што го има, како дома, така и во странство.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2806-145-godini-univerzitet-za-telekomunikacii-i-posti-sofija#sigProId4055bea79c

ЗАПОЗНАЈ СЕ СО ИСТОРИЈАТОТ