Заеднички проекти, размена на кадар и студенти, стратешко партнерство и конкретна соработка во врска со програмата Еразмус Плус, беа главни теми на разговорите меѓу претставници на Универзитет Скопје и Универзитетот Западна Каролина од САД.
Иако ова беше прва средба меѓу претставници на двата универзитета, беше искажана обострана желба за воспоставување континуирана комуникација и започнување со конкретна реализација на соработката во областите од заеднички интерес.
Гостите од Соединетите Држави при престојот и работната средба на нашиот универзитет, се запознаа со историјатот и работата на Универзитет Скопје, при што искажаа комплименти за институцијата, условите за настава, студиските програми и меѓународната соработка. Тие, од своја страна ги претставија нивните студиските програми и веќе воспоставената соработка со повеќе универзитети во светот, како и интересот за полињата на заедничко дејствување со Универзитет Скопје.
Беа информирани и истовремено поканети да бидат партнери и да учествуваат на меѓународната научна конференција ICON BEST, која ја организира Универзитет Скопје на секои две години, а годинава ќе се одржи на 10 Ооктомври. Претставниците на американскиот универзитет со задоволство ја прифатија поканата и најавија свое учество.
Гости од Универзитетот Западна Каролина беа Ким Винтер, декан на Колеџот за образование и сродни професии, Дан Грубе, помошник на деканот за меѓународни програми и професор по здравствено и физичко образование, ЕЈ Џеј Грубе, декан на Колеџот за бизнис и професор по спортски менаџмент, и Вес Милнер, директор на Канцеларијата за глобален ангажман и професор по политички науки.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2791-otvoreni-mozhnosti-za-partnerstvo-i-sorabotka-so-univerzitetot-zapadna-karolina-od-sad#sigProIdece88b4909

ЗАПОЗНАЈ СЕ СО ИСТОРИЈАТОТ