Универзитет Скопје, на 5 јуни 2026 година, имаше особена чест да биде домаќин на Н.Е. Амбасадорката на Народна Република Кина, г-ѓа Џијанг Сјаојен (Jiang Xiaoyan), која одржа предавање пред академскиот кадар и студентите на Универзитетот.
„HOPE (Надеж) се четирите букви низ кои може да се опише денешна Кина“, истакна кинеската амбасадорка, потенцирајќи го значењето на овие принципи. 1. Хармонија, 2. Отвореност, 3. Луѓето на прво место и 4. Претприемништво.
Н.Е. Амбасадорката Сјаојен, детално ги објасни овие 4 принципи на соверемена Кина, односно, за хармонијата меѓу луѓето и природата, посветеноста на Кина на зелената енергија, хармонијата на различностите и глобалните цивилизациски и безбедносни иницијативи.
Стратегијата на Кина за отвореност, - отвореност кон светот за соработка, според амасадорката, се покажала како многу продуктивна и оти носи постојан развој.
Филозофија за развој на Кина е и принципот „луѓето на прво место“, односно, подобри услови за живот на сите , без оглед на социјалниот, економскиот или политичкиот статус.
Претприемништвото, особено во развојот на нови технологии и вештачката интелегиенција и роботиката се полињата на кои Кина посветува големо внимание и постигнува исклучителни резултати, нагласи амбасадорката Сјаојен.
Абасадорката, накратко се осврна и на конкретната соработка со Македонија и досега реализираните заеднички проекти, истакнувајќи дека Кина е трет трговски партнер на Македонија.
Таа ја искористи оваа пријатна посета на Универзитет Скопје, која предизвика голем интерес, да покани наши студенти и академски кадар да ја посетат Кина, нагласувајќи дека во последниве години има зголемен интерс во Македонија за туристички престој во Кина. За тоа придонесува и фактот што Кина ги укина визите за македонските државјани.
По предавањето и одговарањето на прашања на студентите, делегацијата од кинеската амбасада имаше средба со Ректорот на Универзитет Скопје, Проф. д-р Аце Миленковски и дел од академскиот кадар.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2786-hope#sigProId81b0f89236

ЗАПОЗНАЈ СЕ СО ИСТОРИЈАТОТ